Попзлатанов, Николовски и Алчевски се нови фудбалери на Тиквеш
ГФК Тиквеш ќе ги започне подготовките за новата сезона в среда, 24 јуни, а првата фаза ќе се реализира во Кавадарци во периодот од 24 јуни до 2 јули.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Втората фаза од подготовките ќе се одржи во Давраз, Испарта (Турција) во периодот од 5 јули до 21 јули. Во текот на престојот во Давраз, прволигашот од Кавадарци ќе одигра четири контролни натпревари како дел од подготовките за новата сезона.
Клубот се засили со тројца нови играчи, Јован Попзлатанов, Теодор Николовски и Марко Алчевски.
Попзлатанов е фудбалер со богато прволигашко искуство, лидерски карактер и победнички менталитет и се очекува да донесе дополнителен квалитет, стабилност и енергија во редовите на тимот. Негов последен клуб беше Работнички за кој минатата сезона во домашното првенство запиша 17 настапи и три голови.
Николовски, кој исто така лани ги бранеше боите на Работнички (26 настапи во Првата лига), станува збор за еден од најталентираните млади офанзивни играчи во земјата. Потпиша договор со кавадаречкиот клуб до јуни 2029 година.
Голманот Алчевски веќе поседува значајно искуство и потенцијал за понатамошен развој. Поранешниот младински репрезентативец претходно беше дел од ОФК Београд (Србија), Хапоел Ерусалим (Израел), Брера Струмица и Борец Велес.


