Пожар во висококатница во МАдрид / Фото: принтскрин / Х

ВИДЕО | Пожар во облакодер во Мадрид — итна евакуиација на цела зграда

Облакодерот „Торе Моеве“ во Мадрид, во кој се наоѓа седиштето на истоимената шпанска енергетска компанија, беше евакуиран денес откако избувна пожар во зградата. Според полициските информации, пожарот е ставен под контрола во текот на попладнето, а во инцидентот нема повредени, пишува „Ројтерс“.

Пожарот избувнал во финансискиот кварт на шпанската престолнина, а поради густиот чад, вработените и другите луѓе кои во тој момент биле во облакодерот биле евакуирани од зградата. Фотографиите од новинските агенции покажуваат луѓе собрани пред зградата по евакуацијата.

Евакуација поради густ чад

Сведоци известуваат дека од зградата почнал да се шири густ чад, поради што е започната евакуацијата. Една од вработените рекла дека морала да се спушти пеш по дури 34 ката за да излезе од зградата.

Очевидец изјавил за „Ројтерс“ дека забележал чад и почувствувал испарувања дури и пред да се огласи противпожарниот аларм. Снимките објавени од очевидци покажуваат чад како излегува од средниот дел на 49-катниот облакодер.

Полицијата потврди дека пожарот е ставен под контрола и дека никој не е повреден. Причината за пожарот засега е непозната.

ВИДЕО | Пожари дивееја низ Хрватска: Четири авиони гасеа кај Шибеник, скоро 50 пожарникари кај Плата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот