ВИДЕО | Трагедијата која ја потресе Британија доби завршница: Родители заспале со запалена цигара, четири деца им загинаа во пожарот

Во Британија е затворена истрагата за случајот на пожар во куќа во Сафорд во февруари минатата година кога загинаа четири деца на возраст од три, четири, шести и осум години.

Истрагата покажа дека пожарот во семејната куќа избувнал поради запалена цигара, при што животот го загубија Рајли Џон Холт (8), Киган Џоната Јунит (6), Тили Роуз Унит (4) и Оли Јунит (3).

Истрагата покажала дека после пожарот во федерите на душек е пронајдено растопено стакло од пепелник што укажува дека тука имало цигара која горела и го предизвикала пожарот.

Поради случајот првобитно беа притворени Натали Јунит (26) и нејзиниот партнер Крид Моутон (30) под соменение дека извршиле убиство од небрежност, но во август британското обвинителство објави дека не презема натамошни мерки.

Мајката вчера во текот на истрагата рече дека страда од посттрауматски стрес и дека не може да се сети што работела кога избил пожарот. Нејзиниот партнер кој е татко на три од четирите загинати деца исто така даде исказ велејќи дека претпоставува пожарот почнал од приземјето.

Обдукцијата покажала дека четирите деца починале поради вдишување на „чад од пожарот кој го предизвикала неизгасена цигара во собата на родителите“.

Во текот на сослушувањето се дозна дека социјални работници во Стафорд уште пред трагичниот настан ги предупредиле родителите поради пушењето во затворен простор.

Пожарот избил нешто по 2.40 часот на 2. февруари 2019 година. Моултон скокнал низ прозорецот од првиот кат со нивното најмладо дете, кое тогаш имало две години додека Натали Јунит побегнала низ врата.

Двајцата родители кои се уште се заедно рекле дека не можат да се сетат како избил пожарот, а Моултон кој се здобил со значителни изгореници мислел дека пожарот тргнал од приземјето во близина на бојлерот.

Според истражителот Ли Ричардс изјавите на родителите биле контрадикторни зошто тој смета дека „пожарот почнал во нивната спална соба“.

„Мислам дека пожарот се развил во спалната соба. Отворените прозорци ја помогнале вентилацијата и го потенцирале пожарот“, рече Ричардс.

И самата Натали Јунит им раскажала на истражителите дека се сеќава дека пушела цигара во креветот и дека заспала пред да избие пожарот.

Поради немање доволно докази за покренување на обвинение против двојката тие се ослободени од вина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот