ФОТО | „Имам 60 години и ќе шетам во бикини ако сакам“: Шанаја Твејн им пркоси на критиките
Шанаја Твејн предизвика реакции со сценските комбинации што ги носеше на концертите на стадионот „Вембли“ во Лондон, каде настапуваше како специјална гостинка на британскиот пејач Хари Стајлс.
Препорачано
Шеесетгодишната кантри ѕвезда за настапите избра неколку впечатливи модни изданија потпишани од „Долче и Габана“. На една вечер се појави во црн корсет, кратки панталони и високи чизми, додека на друг настап носеше проѕирен чипкан фустан со сатенска долна облека. Во дел од концертите се пресоблече и во светкави мини фустани и кратко црвено здолниште.

На Инстаграм, Твејн им се заблагодари на „Долче и Габана“ за сценските креации, наведувајќи дека настапите на „Вембли“ и работата на новиот албум ја вратиле во детството.
„Малата госпоѓица Твејн немаше ништо, а сега Шанаја Твејн е многу, многу благодарна за сѐ што има“, напиша пејачката.

Модните комбинации на Твејн поттикнаа поделени коментари на социјалните мрежи. Голем број обожаватели ја пофалија нејзината самодоверба и изгледот на 60 години.
„Шанаја, прекрасна си“, „Кралица меѓу кралиците“, „Какво тело“ и „Вака да изгледаш на 60 години е неверојатно“, беа дел од позитивните реакции.

Но, дел од корисниците сметаа дека ваквите изданија не се соодветни за нејзината возраст.
„Шанаја, зошто?“, „Понекогаш треба да се прифати дека сите старееме и дека некои работи едноставно повеќе не се соодветни“ и „Ова е како Мадона и другите, не знаат кога треба да застанат“, гласеа дел од критиките.

Твен, сепак, не се оптоварува со ваквите коментари. Во неодамнешно интервју за „Индипендент“, таа отворено зборуваше за односот кон своето тело и стареењето.
„Имам тело старо 60 години, но ќе шетам по плажа во бикини. Навистина не ми е грижа дали луѓето се согласуваат со тоа или не“, изјави пејачката.
Во интервју за британското издание на „Вог“, кое излезе вчера, Твејн повторно зборуваше самодовербата што ја стекнала низ годините.
„Конечно почнав да се чувствувам удобно во сопствената кожа како жена“, изјави пејачката, потсетувајќи се на периодот кога ја создавала својата култна песна „Мен! Ај фил лајк а вуман!“.
Твен признава дека долго време била несигурна во сопствениот изглед и дека дури подоцна научила да го прифати своето тело.
„Секогаш бев многу заплашена од сопственото тело“, рече таа во интервјуто.
Зад нејзината самоувереност денес стојат и бројни животни искушенија. Пејачката остана без двајцата родители во сообраќајна несреќа кога имаше 22 години, подоцна се соочи со Лајмска болест која сериозно ги оштети нејзините гласни жици, а нејзиниот брак со продуцентот Мат Ленг заврши по неговата афера со една од нејзините најдобри пријателки.
Говорејќи за тешките периоди во животот, Твен во интервјуто за „Вог“ откри дека секогаш се водела од едноставна животна филозофија: „Можеш или да се откажеш или да продолжиш понатаму“.


