Оса/Foto Pexels Hiếu Hoàng

Како навреме да препознате алергиска реакција од оса и да спречите фатален исход

Убодот од пчела или оса во повеќето случаи е само непријатен, а домашното лекување е сè што е потребно за да се ублажи болката од убодот. Меѓутоа, ако сте алергични на убоди од пчела или оса, кои можат да предизвикаат посериозни реакции на телото, тогаш е потребен итен третман.

Еве што советуваат експертите, како да спречите убод, но и како да го лекувате ако дојде до него.

Како изгледа убодот од оса?

Убодот од оса обично предизвикува нагла, остра болка – слична на убодот од игла. Набргу потоа се појавуваат црвенило, благ оток и чувство на печење или чешање. За разлика од пчелата, осата не остава пипало во кожата и може да убоде повеќепати, што го прави убодот потенцијално поболен и понепријатен.
Може да се појави и „мала дупка“ и нешто што изгледа како да сте се избоцкале со пенкало во центарот на местото на убодот.

Реакцијата на телото на убод зависи од местото на убодот, индивидуалната чувствителност и бројот на убоди. Кај повеќето луѓе, реакцијата останува локализирана – оток и чешање околу местото на убодот. Меѓутоа, кај некои луѓе може да се развие посилна реакција, а во ретки случаи дури и анафилактичен шок, што бара итна лекарска помош.

Кои се симптомите на убодот од оса?

Зависи дали сте алергични на убодот или не, понекогаш само реакција на местото на убодот па чувство на болка, а некои ќе ги чеша кожата по неколку часа. Во некои случаи, убодот може да предизвика алергиска реакција, а притоа ќе се појават следните симптоми:

– нагло отекување на усните, јазикот или грлото
– забрзано чукање на срцето
– зголемен крвен притисок
– отежнато дишење или голтање
– осип по целото тело
– вртоглавица
– дијареја (пролив)
– болка во стомакот
– повраќање и гадење
– губење на свеста

Ако забележите некој од овие симптоми кај себе или кај друга личност, веднаш повикајте итна помош. Луѓето кои знаат дека се алергични на убоди од инсекти треба со себе да носат адреналинска инјекција (како EpiPen), која треба веднаш да се примени во случај на реакција.

Исто така, не е нужно точно дека вашето тело реагира на ист начин секој пат по убод од пчела. Постои опсег од благи до умерени до тешки алергиски реакции.

Локалната реакција на убод од пчела или оса вклучува печење, минлива болка и чешање со иритација околу местото на убодот. Ако се прашувате колку долго трае отокот од убод од пчела или оса, имајте на ум дека отокот и еритемот обично се најсилни по 48 часа и можат да траат до една недела, а можат да го зафатат целиот екстремитет.

Прва помош при убод од оса

Во случај на убод, важно е да останете прибрани и да постапите брзо. Ако немате алергиски реакции, можете да си помогнете во сопствениот дом, но лекарите советуваат задолжително да одите на лекар ако забележите симптоми на алергиска реакција.

Првиот чекор е да го отстраните пипалото од осата, но немојте да го притискате, бидејќи може да пушти уште отрови. Откако ќе го направите ова, измијте го местото со вода и благ сапун за да избегнете инфекција, и ставете ладни облоги, а можете да користите и лекови против болки.  Со миењето можете да ги отстраните сите бактерии или отров што може да ги носи осата или пчелата.

Исто така, ќе помогне да се измие дел од отровот што го оставила зад себе. Завиткајте тенка крпа околу пакетот мраз. Ставете на местото на убодот 30 до 60 минути, во интервали од 10 минути. Ова ќе помогне да се намали отокот и болката по убодот. По потреба, повторете го третманот неколкупати дневно.

Ако се појави силно чешање или црвенило, може да се земат антихистаминици (по совет на фармацевт или лекар), а достапни се и локални кремовии со антихистаминици или благи кортикостероиди.

Кога е потребно да побарате медицинска помош?

Секогаш кога станува збор за алергиска реакција, особено ако сте инаку алергични, а осата ве каснала првпат.

Ако отокот се прошири низ телото, чувствувате гадење, вртоглавица или неможност да дишете, веднаш побарајте итна помош, велат лекарите. Ако осата ве убола неколкупати, веднаш посетете лекар. Доколку забележите какви било реакции кои ве загрижуваат, не чекајте, туку веднаш јавете се кај лекар.

Како да избегнете убод од оса?

Ако сте на пикник, покријте ја храната бидејќи таа ги привлекува. Ако ви се чини дека често ги гледате околу куќата, добро следете некаде да не се наоѓа нивното гнездо. Лекарите советуваат да внимавате каде шетате, бидејќи има места каде што често осите се наоѓаат, во близина на корпи за отпадоци и под покривите.

Оса уби свештеник во Словенија — го каснала за време на миса

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот