Црешожи / Фото: Pixabay

Дали пиењето вода по црешите навистина предизвикува болки во стомакот? Експертите конечно ја решија дилемата

Чаша вода по грст цреши наводно предизвикува болки во стомакот. Барем така гласистарото предупредување кое се пренесува низ генерациите. Но, дали е навистина основано или е уште еден мит за храната?

Грст сочни цреши и потоа голтка ладна вода – на многумина во тој момент во главата им одѕвонува реченицата: „Немој да пиеш вода по цреши, ќе те боли стомакот“. Сепак, експертите денес имаат поинакво објаснување, пишува heute.at.

Од каде потекнува овој мит?

Добрата вест е дека оние што ќе испијат чаша вода откако ќе јадат цреши не мора се плашат дека ќе ги боли стомакот. Нутриционистите денес се согласуваат дека комбинацијата од цреши и вода сама по себе не предизвикува проблеми со варењето.

Старото предупредување веројатно датира од времето кога квалитетот на водата за пиење не бил ни блиску онаква какв што го земаме здраво за готово денес. Водата често била контаминирана со бактерии и други микроорганизми, па болките во стомакот или дијарејата по оброкот често се припишувала на црешите, иако вистинскиот виновник најчесто била токму неисправната вода.

Зошто понекогаш, сепак, се чувствуваме подуено?

Сепак, приказната не е целосно измислена. Црешите навистина можат да предизвикаат надуеност и непријатност во стомакот кај почувствителните луѓе. Но, за тоа не е виновна водата, туку само овошјето.

На кората од црешите има природни квасци кои можат да ја поттикнуваат ферментацијата на овошните шеќери во дигестивниот систем. Притоа се појавуваат гасови кои можат да предизвикаат надуеност кај некои луѓе, особено ако изедат голема количина цреши.

Како најдобро да се чуваат?

Црешите не се овошје кое останува свежо долго време, а наглите промени на температурата дополнително го забрзуваат нивното расипување.

Најдобро е да се чуваат во фрижидер, во фиоката за овошје и зеленчук, по можност во сад обложен со хартија. Важно е петелките да останат прицврстени сè до консумирањето. Во спротивно, оштетените плодови побрзо привлекуваат овошни мушички и се поподложни на развој на мувла.

Три работи што треба да ги направите пред 9 часот наутро за срцето да ви чука како часовник

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот