Лекар предупредува — „здрава“ намирница што тивко го оштетува вашиот црн дроб
Иако можеби мислите дека знаете сè за тоа како со исхраната да го поддржите здравјето на црниот дроб, постои една намирница што изгледа здраво, но всушност не е толку нутритивно вредна како што многумина мислат. Всушност, нејзиното претерано консумирање може дури и да го оштети црниот дроб наместо да му помогне.
Препорачано
Станува збор за протеинските чоколатца (плочки), за кои се покажало дека не се толку здрави како што повеќето луѓе претпоставуваат. Тие често содржат адитиви како шеќер, кој често се наоѓа во форма на пченкарен сируп со висок удел на фруктоза.

На пример, според истражувањето од 2025 година кое опфатило 458 грицки што се продавале во популарните супермаркети, дури 37 отсто од нив биле класифицирани како производи со висока содржина на шеќер. Иако биле рекламирани како „здрави“, содржината на шеќер била споредлива со содржината на шеќер во чоколадите.
Високата содржина на шеќер во протеинските плочки може да биде штетна за здравјето на црниот дроб, особено ако се консумираат редовно.
„Премногу додаден шеќер, особено пченкарен сируп со висока содржина на фруктоза, може да предизвика таложење на масти во црниот дроб. Со текот на времето, ова може да придонесе за развој на замастен црн дроб, воспаление на црниот дроб, па дури и создавање лузни. Вишокот шеќер може да ја влоши и инсулинската резистенција, што е тесно поврзано со болесту на црниот дроб“, рекол д-р Кин Рао, гастроентеролог и хепатолог во Клиниката за гастроентерологија во Менхетен, за списанието „Парада“.
Во прилог на тоа, научен преглед објавен во 2023 година во списанието Hepatology Communications пронашол директна врска помеѓу високиот внес на шеќер и безалкохолната масна болест на црниот дроб.
Покрај тоа што се богати со шеќер, многу протеински плочки содржат и состојки богати со заситени масти, како што е палминото масло. И тоа може да биде штетно за црниот дроб кога се внесуваат во прекумерни количини.
„Заситените масти можат да го зголемат таложењето на масти во црниот дроб и да му отежнат на организмот ефикасно да го користи инсулинот. Со текот на времето, ова може да го зголеми ризикот од масна болест на црниот дроб и да придонесе за воспалителни процеси во црниот дроб“, објаснил д-р Рао.
Тоа не значи дека протеинските плочки треба целосно да се избегнуваат. Тоа само значи дека треба внимателно да ја прочитате декларацијата, наместо автоматски да претпоставувате дека производот е здрав – дури и кога тоа го пишува на пакувањето.
Кога купувате протеински плочки, д-р Рао препорачува да изберете оние што:
– имаат малку додаден шеќер
– содржат многу влакна
– се направени од здрави масти од јаткасти плодови и семки
Препознајте го првиот симптом кој открива дека вашиот црн дроб е во опасност


