ФОТО | Шестгодишно момче на екскурзија пронашло викиншки меч стар 1.300 години
Едно шетстгодишно момче во Норвешка направило неверојатно откритие за време на училишна екскурзија.
Препорачано
Тоа видело нешто што изгледало на старо, ‘рѓосано парче метал кое штрчело од земјата – предмет, за кој подоцна се покажал дека е меч стар 1.300 години од предвикиншкиот период, сега е значајно археолошко откритие, пренесуваат странските медиуми.
Момчето, по име Хенрик, било на екскурзија со својот клас во градот Гран, Хаделанд, Норвешка, кога забележа необичен предмет на изорано поле. Љубопитен, го зеде и им го покажа на своите наставници.
Иако изгледало како обичен старо железо, по подетално испитување, наставниците се посомневале дека предметот можеби е многу постар и веднаш контактирале локални археолози. Експертите подоцна потврдиле дека станува збор за древен меч стар 1.300 години.
Според археолозите, станува збор за редок меч со едно сечило, вид оружје што често се користело во Скандинавија пред Викинзите да станат доминантна сила низ Европа. Иако мечот е во голема мера покриен со ‘рѓа, експертите велат дека неговата форма и структура сè уште се јасно видливи.
Мечот е префрлен во Музејот за културна историја во Осло, каде што експертите ќе продолжат да го конзервираат и детално да го проучуваат. Се очекува истражувачите да користат рендгенски зраци и анализа на метал за да откријат како е направен, кому му припаѓал и каква улога играл во тоа време.
Археолозите особено ги пофалиле наставниците на Хенрик за тоа што не се обиделе сами да копаат понатаму на теренот, туку веднаш го пријавиле откритието на експертите.
– Многу сме горди на децата што го забележале мечот на терен. И уште посреќни сме што го направиле правилното нешто заедно со своите наставници и ги повикале експертите – рекле локалните археолози.
Историчарите веруваат дека откритието би можело да фрли нова светлина врз животот во Норвешка пред Викинзите. Регионот Хаделанд долго време се поврзува со населби од железното време, гробишта и култура на воини, што го прави откритието особено значајно.
Експертите велат дека мечот наликува на викиншките мечеви „Тип Ф“ што се појавуваат во норвешките археолошки записи со децении. Се верува дека некогаш му припаѓал на воин или член на влијателно семејство за време на еден турбулентен период од скандинавската историја.


