Фото - Слободен печат / Методи Здравев

Учениците добиваат втора шанса за упис во средно — слободни се речиси 12.000 места

Учениците кои не се запишаа во средно училиште во првото пријавување за учебната 2026-2027 година, ќе можат повторно да аплицираат оваа недела. Министерството за образование и наука соопшти дека второто пријавување во јунскиот рок ќе се спроведе електронски во вторник, на 23 јуни.

По завршувањето на електронската апликација, кандидатите ќе треба на 24 јуни да ја достават потребната документација во училиштата. Ранг-листите со резултатите од уписот ќе бидат објавени на 25 јуни до 12 часот, во училиштата и на нивните e-страници. Ако во одредени училишта има кандидати со ист број бодови, квалификациското тестирање ќе се одржи на 29 јуни, кога ќе бидат објавени и конечните ранг-листи.

За второто пријавување има вкупно 11.882 слободни места. Од нив, 7.404 се за настава на македонски јазик, 4.002 за настава на албански, 456 за турски и 20 за српски јазик.

Во првото пријавување, според МОН, електронски аплицирале 15.075 ученици, а биле запишани 13.397.

Почнаа уписите во средните училишта — најмногу слободни места има во стручното образование

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот