Фото: Принтскрин

ВИДЕО | Во Тирана се одржа најмасовниот протест против проектот на Кушнер – 250.000 демонстранти излегоа на улиците

Граѓаните повторно побараа оставка од премиерот Еди Рама, запирање на проектите во Зврнец и во Сазан, како и поништување на законот од 2024 година со кој се овозможува градба во заштитени подрачја и на законот за стратешки инвеститори.

Во Тирана синоќа се одржа 21-от протест против проектот „Зврнец“, кој според организаторите бил најмасовен досега. На собирот учествувале и Албанци од соседните земји, како и претставници на дијаспората од западноевропските земји и од САД.

Според слободни процени, на протестот присуствувале околу 250.000 граѓани. Тие повторно побараа оставка од премиерот Еди Рама, запирање на проектите во Зврнец и во Сазан, како и поништување на законот од 2024 година со кој се овозможува градба во заштитени подрачја и на законот за стратешки инвеститори.

Демонстрантите најпрво се собраа на плоштадот „Скендербег“, по што маршираа кон зградата на Владата, каде што неколку граѓани се обратија пред насобраните.

— Дијаспората дојде затоа што влегува во сопствениот двор. Заедно ќе излеземе како победници од овој плоштад и ќе ја изградиме оваа земја — изјави еден од демонстрантите.

ВИДЕО: Дали знаете каква револуција се случува во Албанија деновиве? И како темава е поврзана и со Охрид

По повеќе од два часа говори, учесниците го продолжија маршот околу владината зграда, низ центарот на градот и покрај познатиот објект „Пирамида“.

Мал дел од демонстрантите ја поминаа ноќта пред Владата, испраќајќи порака и до премиерот Еди Рама и до опозицискиот лидер Сали Бериша дека треба да заминат од политичката сцена.

Учесниците предупредија дека протестите може да се радикализираат доколку нивните барања не бидат исполнети.

Загина спасувач додека ги бараше телата на петтемина Италијанци на Малдивите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот