Парада на гордоста - Скопје - Фото: Слободен печат/Агнеса Чаволи

ФОТО и ВИДЕО | Одбиваме да бидеме скриени и надвор од јавниот простор, порачаа учесниците на Парадата на гордоста

Одбиваме да бидеме скриени и надвор од јавниот простор, да се поништи нашето постоење, порачаа учесниците на осмата Парада на гордоста што се одржа во Скопје. Овие порачки беа испратени од Градскиот парк, кај фонтаната „Лотус“, од каде што почна собирот.

Парада на гордоста – Скопје – Фото: Слободен печат/Агнеса Чаволи

-Денеска повторно ќе ги освоиме улиците. Ќе маршираме за видливоста на лезбејките, геј, бисексуалните, трансродовите, интерсекс и квир луѓето. Тоа што сме денес тука значи дека одбиваме да се предадеме, дека стоиме цврсто во одбрана на нашите права. Дека одбиваме да бидеме скриени и оттурнати од јавниот простор, како обид да се поништи нашето постоење – рече Долорес Лео Поповиќ, актер, музичар и активнист.

Парада на гордоста – Скопје – Фото: Слободен печат/Агнеса Чаволи

Додека маршираа низ скопските улици учесниците на Парадата извикуваа „Тука сме, многу сме, горди сме“. Како и секоја Парада и оваа имаше полициско обезбедување и немаше инциденти. Маршот заврши пред Собрание каде една од учесничките порача дека Парадата е храброст.

ФОТО и ВИДЕО | Со пораки „Ве сакаме такви какви што сте“ почна Парадата на гордоста во Скопје под слоганот „Сите нека знаат“

Парада на гордоста – Скопје – Фото: Слободен печат/Агнеса Чаволи

-Извини, ама не е приватна работа кога не можеш да најдеш работа затоа што некои луѓе не сакаат да работат со „педери“. Не е приватна работа да мораш да се докажуваш во болница додека бараш информации за твојот партнер, а да не ги добиеш затоа што не си дел од „најблиското семејство“. Не е приватна работа да се плашиш да шеташ рака под рака со партнерот во парк. И уште еден тон други работи не се приватни – затоа што некои луѓе ги немаат тие основни права. Затоа што тука еднаквоста е затворена меѓу четири ѕида. Затоа е оваа парада – парада на гордоста, на храброста. Затоа што е храброст да сакаш кога државата тоа не ти го дозволува. Храброст е да се прифатиш себеси кога системот те оттурнува. Храброст е да продолжиш да веруваш дека ниту државата, ниту системот не можат да нè разделат – рече таа.

Парада на гордоста – Скопје – Фото: Слободен печат/Агнеса Чаволи

За разлика од претходните години, организаторите решија самиот марш да нема забавен дел со бина и со музичка програма на крајната точка. Настанот е фокусиран исклучиво на гласен протест за клучните барања: итно носење на Законот за матична евиденција (правно признавање на родот), заштита од насилство и крај на говорот на омраза.

Парада на гордоста – Скопје – Фото: Слободен печат/Агнеса Чаволи
Парада на гордоста – Скопје – Фото: Слободен печат/Агнеса Чаволи

Помеѓу присутните годинава беа и Заменик-амбасадорот на Европската Унија во земјава, Бен Нупнау, германската амбасадорка Петра Дрекслер, како и шведскиот амбасадор во Македонија, Ола Солстром.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот