Фото: Принтскрин - Фејсбук

Видео | Деца во скопски Аеродром превртуваат контејнери, се возат врз нив, ги шутираат

Неколкумина млади превртуваа контејнери, се возат врз нив и ги шутираат во училишен двор во скопската населба Аеродром. Ова се гледа на видео кое на Фејсбук профилот го објави градоначалникот на Аеродром, Дејан Митески.

– Два дена по ред, околу 22:30 часот, иста група млади лица со мотори вандализира училишен двор во Аеродром. Превртуваат контејнери, оштетуваат урбана опрема и оставаат неред во простор наменет за учениците и граѓаните. Лицата се идентификувани и поднесена е соодветна пријава. За жал, вакво однесување е забележано и на повеќе локации низ општината, со уништување на урбана опрема, детски игралишта и други јавни содржини. Поради тоа, во соработка со МВР ќе бидат засилени контролите и надзорот на критичните локации – напиша Митески.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот