Фото: Слободен печат

Без вода утре поголем дел од центарот на Скопје

Поради дефект на затворачи на водоводна линија на булеварот „Крсте Мисирков“ и „Кеј Димитар Влахов“, утре од 9 до 22 часот без вода ќе останат повеќе објекти во централното градско подрачје на Скопје.

Според информациите од ЈП „Водовод и канализација“ без вода ќе бидат МАНУ, Граѓанскиот суд Скопје, Младинскиот културен центар, Универзитетската Библиотека, Универзитетот Св. „Кирил и Методиj“, трговскиот центар „Мавровка“, дел од Турска чаршија, Саат Кулата, улиците „Петар Ѓеоргиев“, „Отокар Кершовани“ и „Адвокатска“, дел од булеварот „Крсте Мисирков“, Крњево, Македонската телевизија и трговскиот центар „Ист Гејт“.

Со намален притисок на вода ќе биде ниската зона од Автокоманда до Камник.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот