Местото каде што треба да се гради парк во Сарај / Фото: Град Скопје

ФОТО | Започна да се чисти депонија во Сарај, на нејзино место треба да се гради парк покрај Вардар

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски информираше дека вчера заедно со колегата од Сарај, Мухамед Елмази и министерот за животна средина Мухамед Хоџа, го посетиле депонираниот простор покрај реката Вардар на патот кон селото Рашче за кое најави дека ќе биде пренаменето во голем парк.

Местото каде што треба да се гради парк во Сарај / Фото: Град Скопје

„Овој запуштен простор ќе прерасне во голем, модерен и уреден парк, со хортикултурно и партерно уредување, зелени површини и содржини за рекреација, одмор и дружење на жителите од овој дел на Сарај“, истакна Ѓорѓиевски.

Местото каде што треба да се гради парк во Сарај / Фото: Град Скопје

Исто така, Ѓорѓиевски додаде дека наскоро треба да започне и реконструкција на мега-паркот во Сарај, кој, како што вели, со децении бил оставен во негрижа.

„Ова место има природна убавина, има потенцијал и заслужува грижа. Не заслужува отпад, запуштеност и заборав, туку живот, зеленило и простор во кој граѓаните ќе уживаат. Како што ветив, продолжуваме со изградба на паркови, зелени површини и јавни простори кои му даваат нова вредност на градот“, нагласи градоначалникот.

Местото каде што треба да се гради парк во Сарај / Фото: Град Скопје

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот