Општина Центар/ Фото: Слободен печат / Слободан Ѓуриќ

Ученици до 10-годишна возраст од Центар, летово ќе бидат згрижени во неколку градинки

Децата до 10-годишна возраст од основните училишта во Центар и оваа лето ќе можат да бидат згрижени во неколку градинки. Од Општина Центар велат дека ова претставува поддршка за родителите додека учениците се на распуст.

Им излегуваме во пресрет на родителите кои поради работните обврски имаат потреба од згрижување на своите деца во текот на летото. Со оваа мерка им помагаме на семејствата полесно да се организираат, а на децата им овозможуваме едукативни и квалитетни содржини во нашите воспитно-образовни установи, истакна градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Деца од две градинки во Козле сместени во еден објект, спијат и јадат на „бина“ — Општината тврди дека условите се добри

Во градинките „13 Ноември“, „Кочо Рацин“ и „Раде Јовчевски Корчагин“ згрижени се 116 ученици, каде, како што велат од Општината, го поминуваат времето во безбедна средина, преку разни активности прилагодени на нивната возраст.

Од Општината посочуваат дека се единствената локална самоуправа во државата која организира ваков тип летно згрижување за деца од училишна возраст, со цел да да обезбеди континуирана грижа за семејствата и во летниот период.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот