„Шумите на Караџица се уништени“ – локални жители утре излегуваат на протест и не даваат сеча без нивна дозвола
Жители од селата Алдинци и Мала Река преку социјалните мрежи алармираат дека забрзано се сечат и уништуваат шумите на Караџица, дел од масивот Јакупица, а патиштата се оштетуваат од тешка машинерија и товарни возила. Според искуствата на терен, најголема штета има по шумите од Алдинци кон планинарскиот дом „Караџица“.
Препорачано
Оттука, жителите за утре, 17 јуни, на пладне најавуваат мирен протест, со зборно место Караџица – населба Драчево.
„Веднаш да се прекинат сите активности поврзани со сеча и експлоатација на шумите. Итно да се исчистат патиштата од дрвата и отпадот оставени по сечата. Веднаш да започне санација и поправка на патот што е оштетен од тешките товарни возила и механизацијата. Да се достави целокупната документација за досегашните активности и да се утврди одговорност за направената штета. Да се покренат постапки против одговорните лица“, стои во соопштението на локалните месни заедници.
Понатаму, тие бараат да бидеме примени на официјална средба од градоначалникот Ејуп Абази и генералниот директор на шумското стопанство. Воедно, бараат во иднина да има најмалку три претставници од селата Алдинци и Моларека кои ќе бидат вклучени во надзорот и одлучувањето за сите шумарски активности.
„Без согласност и договор со месните заедници да не се дозволуваат понатамошни работи и сеча на шумите. Ги повикуваме сите граѓани масовно да се приклучат на протестот за заштита на нашите шуми, патишта, ниви и имоти“, соопштија месните заедници Алдинци и Мала Река.
Дрвокрадци со трактор тргнале да газат шумари што ги фатиле на дело


