Цементарница - УСИЕ. - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Цементарница - УСЈЕ. - Фото Слободен печат - Методи Здравев

Стоп за Усје: Цементарница бара да работи по стандарди од 2007 година, дојди на марш на 23 јуни

Според иницијативата, во барањето на компанијата не се предвидени конкретни мерки за намалување на емисиите на загадувачки материи, а предлозите доставени од граѓанските организации не биле земени предвид. Оттаму оценуваат дека со ваквиот пристап „Усје“ практично бара да продолжи да работи со гранични вредности за загадување кои датираат од 2007 година.

Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ соопшти дека цементарницата „Усје“ бара продолжување на работењето според застарени стандарди за загадување, наместо, како што велат, усогласување со современите европски норми и најдобрите достапни техники за заштита на животната средина поради што иницијативата ги повика граѓаните на протестен марш што ќе се одржи на 23 јуни.

Се „крчка“ новата дозвола за „Усје“ – процесот е скриен од јавноста, реагира Левица

Според иницијативата, во барањето на компанијата не се предвидени конкретни мерки за намалување на емисиите на загадувачки материи, а предлозите доставени од граѓанските организации не биле земени предвид. Оттаму оценуваат дека со ваквиот пристап „Усје“ практично бара да продолжи да работи со гранични вредности за загадување кои датираат од 2007 година.

„Наместо усогласување со европските стандарди и најдобрите достапни техники, компанијата бара да продолжи да работи со истите гранични вредности за загадување од 2007 година“, велат од „Стоп за Усје“.

Од иницијативата упатија апел до Министерството за животна средина и просторно планирање да не усвои, како што наведуваат, неусогласена и незаконска дозвола, туку во процесот да ги вгради предлозите на граѓанското општество и да обезбеди усогласување со најдобрите достапни техники.

„МЖСПП мора да обезбеди заштита на здравјето на граѓаните и подобар квалитет на воздухот во Скопје“, порачуваат од иницијативата.

„Стоп за Усје“ со нова акција пред Министерство за животна средина: „Одлучете дали ќе застанете покрај здравјето или зад профитот“

Протестниот марш на „Стоп за Усје“ ќе се одржи на 23 јуни со почеток во 18 часот на релација од Собранието до Министерството за животна средина и просторно планирање, а од иницијативата ги повикаа граѓаните да

На 23 јуни 2026 година со почеток во 18 часот излегуваме на марш – од Собранието до Министерството за животна средина и просторно планирање, затоа што ние граѓаните очекуваме одговорност и јасна одлука: да се прекине практиката на толерирање на застарени гранични вредности и да се воведат современи стандарди за чист воздух. Дојди на маршот и побарај европски стандарди – затоа што воздухот нема да се исчисти сам- соопштија од „Стоп за Усје“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот