Фото:. EPA

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО | Полицаец во Мисисипи уби едногодишно дете — пукаше во колата во која беше мајката поради наводна кражба на пелени

Едногодишно дете е смртно застрелано од полицаец во сојузната држава Мисисипи, кој пукал во автомобил со кој мајката и тетката на бебето бегале низ паркингот на „Волмарт“ откако наводно украле пелени, пренесува „Њујорк пост“.

Во пукањето е убиен малиот Коен Вајли, а сериозно е ранета и една жена која била во автомобилот.

Семејството на Коен рекло дека неговата мајка го држела на совозачкото седиште, додека неговата тетка возела. Не е јасно дали мајката или тетката на Коен е жената која е критично повредена.

Полициските службеници од Полициската управа Сенатобија и Шерифската управа на округот Тејт реагирале на пријавена кражба од продавница во „Волмарт“, кога го забележале автомобилот на осомничените како заминува.

Според очевидци, возачот со голема брзина возел во правец на полицајците и речиси удрил еден полицаец додека се обидувале да го запрат автомобилот. Во тој момент полицаецот пукал во автомобилот.

Од објавените видеоснимки може да се види барем една дупка од куршум во предното ветробранско стакло на автомобилот. Прозорецот од страната на совозачот бил исто така сериозно оштетен.

Семејството итно отишло до најблиската болница, каде што малиот Коен починал.

Од семејството на бебето бараат одговори за тоа како реакцијата за наводна кражба од продавница може да стане толку насилна. Тие, исто така, ги отфрлија шпекулациите дека мајката и тетката на Коен краделе пелени од мегапродавницата.

„Навистина не знаеме ништо, ни зошто ни што се случило. Сè што знаеме е дека било пукано во автомобилот и дека е убиено едногодишно бебе“, изјавила Керолин Стоукс, прабабата на Коен.

„Да бидам искрен, едноставно немам зборови. Некој треба да одговара за тоа“, додаде Карлос Хејнс, дедото на Коен.

Шерифот на округот Тејт, Лук Шеферд, изјавил за „Мисисипи Тудеј“ дека одделот спроведува независна истрага за да утврди дали некој од заменик-шерифите вклучени во пукањето треба да биде ставен на отсуство.

ВИДЕО | Украинец нокаутира армиски офицери кои запреле друг човек за да го земат во војска

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот