• полицаец

Уапсен стружанец откако нападнал полицаец на автопатот Тетово- Скопје

Вчера во 08:50 часот на автопатот Скопје-Тетово, поточно кај наплатна станица-Желино полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај-Тетово го лишиле од слобода В.М.(49) од струшко Подгорци, затоа што физички нападнал полициски службеник при преземање службени дејствија. Тој е задржан во Полициска станица Тетово и против него ќе следува соодветен поднесок.