Фото: ''Слободен печат''

Млада Италијанка нападнала полицаец во Скопје и била уапсена

Тинејџерка од Италија рано утринава била приведена во Градскиот парк во Скопје, откако физички нападнала полицаец додека извршувал службени дејствија.

„На 02.07.2026 година, во 04:40 часот, во Градскиот парк во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода Г.Ф. (19) од Република Италија, бидејќи истата физички нападнала полициски службеник при извршување службени дејствија,“ соопшти полицијата.

При преземањето на службените мерки било утврдено и дека италијанската државјанка немала регулиран престој во земјава, се додава во соопштението.

По целосното расчистување и документирање на случајот, против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Загина работник од Дебар, паднал од зграда додека местел прозорци

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот