КАМ – осма година по ред потврда за најдобар сооднос помеѓу цена и квалитет со нови Best Buy сертификати

КАМ, најпрепознатливиот македонски бренд и компанија во која граѓаните имаат најголема доверба, осма година по ред го потврдува најдобриот сооднос помеѓу цена и квалитет на пазарот, здобивајќи се со нови меѓународни сертификати „Best Buy“.

Новите признанија уште еднаш ја потврдуваат посветеноста на КАМ кон обезбедување квалитетни производи по достапни цени, како и континуираното унапредување на понудата во категориите кои се од секојдневно значење за потрошувачите.

Со дополнително признание „Best Buy“ се здоби одделот за свежо овошје и зеленчук, како потврда за понудата која комбинира свежина, квалитет и најдобра вредност за потрошените средства. Признание доби и приватната марка чоколади „Alpiko“ и „Gaja“, кои се препознаени како производи со одличен сооднос помеѓу цена и квалитет во својата категорија.

– Овие признанија се потврда за нашата континуирана посветеност кон потрошувачите и нивните секојдневни потреби. За нас, суштински дел од работата е на потрошувачите да им обезбедиме најдобар сооднос помеѓу цената и квалитетот.

Горди сме што осма година по ред потрошувачите ја препознаваат вредноста што ја добиваат во маркетите на КАМ. Продолжуваме да вложуваме во квалитет, свежина, достапност и развој на приватните марки, со цел да обезбедиме уште поголема вредност за секое домаќинство – велат од КАМ.

Новите сертификати се надоврзуваат на постојните признанија „Best Buy“ кои КАМ ги доби за одделот за млечни производи, каде клучна улога има приватната марка „Bella Farm“, како и за приватните трговски марки за перење алишта и чистење на домот „Belil“ и „Klinko“. Дополнително, сертификатот за производи за миленици ја препозна вредноста на асортиманот под приватната марка „Alfie“, кој вклучува храна и грицки за домашните миленици.

Со новите признанија, КАМ продолжува да ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар, нудејќи им на граѓаните производи кои обезбедуваат квалитет којшто е достапен по најдобри цени.

КАМ е македонскиот бр. 1 малопродажен синџир и компанија во која потрошувачите имаат најголема доверба. Ова признание, заедно со континуираните „Best Buy“ сертификати, ја потврдува долгорочната посветеност на компанијата да создава вредност за потрошувачите и да остане нивен прв избор при секојдневното купување.


Спонзорирана објава

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот