Николовски: Рекордна наплата во Царинската управа во јуни, наплатени се над 20 милиони евра повеќе од лани
Царинската управа во јуни ја оствари највисоката месечна наплата на царински давачки во своето постоење, соопшти директорот Бобан Николовски на денешната прес-конференција во Владата.
Препорачано
Според него, заклучно со вчерашниот ден, во текот на јуни се наплатени 12,8 милијарди денари, што претставува нов рекорд и ја надминува досегашната највисока месечна наплата од 12,4 милијарди денари.
Николовски истакна дека позитивниот тренд продолжува и на кумулативно ниво. Во првите шест месеци од годинава, наплатата на царинските давачки е повисока за речиси 50 милиони евра во споредба со истиот период минатата година.
-Се трудиме максимално да ги затегнеме чешмите од сите страни и тоа се познава во континуитет. Само во јуни, во споредба со јуни 2025 година, наплатата е за нешто над 20 милиони евра поголема, што покажува дека сме на вистинскиот пат – изјави Николовски.
Директорот на Царинската управа ги презентираше резултатите по отчетот на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, која во Владата ги претстави резултатите од работата на Министерството за финансии и институциите што се во негов состав во изминатите две години.
Во 2025 спречен шверц на вкупно четири тони храна, информираат од Царинската управа


