Гугл / Фото EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Историска шлаканица за „Гугл“, судот ќе го казни со вртоглава сума

Највисокиот суд на Европската комисија ја потврди казната од околу 4,1 милијарди евра (4,67 милијарди долари) изречена на „Гугл“ за она што го смета за нарушување на конкуренцијата на пазарот. Пресудата се однесува на начинот на кој „Гугл“ ја користел доминантната позиција на оперативниот систем Андроид на пазарот на мобилни уреди и тоа е една од најголемите антимонополски казни во историјата на Европската Унија – пишува Ројтерс.

Уште во 2018 година, Европската комисија издаде рекордна казна, оценувајќи дека „Гугл“ ја злоупотребил доминантната позиција на Андроид за да им обезбеди на своите апликации неправедна пазарна предност.

Според Комисијата, компанијата, преку договори со производители на паметни телефони, барала нејзините апликации да бидат претходно инсталирани на уредите, што на конкурентите им го отежнувало пристапот до корисниците.

По одлуката на Европската комисија, „Гугл“ започна постапка за жалба пред судовите на Европската Унија, обидувајќи се да ја поништи или да ја намали изречената казна.

Сепак, највисокиот суд на Европската комисија сега ја потврди казната од околу 4,1 милијарди евра, со што заврши една од најзначајните антимонополски правни битки меѓу американскиот технолошки гигант и европските регулатори.

Заборавете на класичното пребарување на „Гугл“ — ВИ ќе ви резервира хотели и ќе ви ги планира патувањата

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот