Фото: СДСМ

Филипче го предложи Горан Герасимовски за нов потпретседател на СДСМ

Лидерот на СДСМ Венко Филипче, објави дека го номинира градоначалникот на Центар Горан Герасимовски за нов потпретседател на партијата.

„СДСМ дополнително се зајакнува. Со задоволство ги информирам членовите дека Горан Герасимовски ќе го номинирам за нов потпретседател на СДСМ. Горан е човек кој со силна, посветена и одговорна работа ја заслужи довербата на граѓаните на општина Центар. Победата и освоениот втор мандат како градоначалник се најдобра потврда дека резултатите, блискоста со луѓето и искрената работа секогаш се препознаваат“, соопшти Филипче.

Филипче е убеден оти Герасимовски, со своето искуство, работа и искрена желба, ќе внесе нов импулс во партијата.

„Убеден сум дека Горан, со своето искуство, работа и искрена желба, ќе внесе нов импулс, ќе ги обедини сите наши капацитети против криминалната власт и ќе даде придонес во градењето на уште посилен СДСМ. Продолжуваме заедно, со посветеноста и новата енергијата на целиот наш тим, за подобра иднина на Македонија“, додаде лидерот на СДСМ.

 Филипче ставаше нули, Мицкоски ставаше во затвор

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот