Фото: EPA-EFE/ABEDIN TAHERKENAREH

Арагчи: Договорот за мир меѓу Иран и САД мора да вклучува и крај на израелската окупација на Либан

Договорот за мир меѓу Иран и САД мора да вклучува и крај на израелската окупација на делови од Либан, изјави денеска иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, објави АП.

„Крајот на војната во Либан е неразделен дел од целосниот крај на војната. Без повлекување на израелските сили од териториите што ги окупираа за време на оваа војна, војната не е целосно завршена“, рече Арагчи на брифинг со странски дипломати.

Нетанјаху: Со договор или без договор, Иран нема да има нуклеарно оружје, ниту денес ниту утре

Шефот на иранската дипломатија додаде дека Иран „ќе ги смета понатамошните израелски напади врз Либан како прекршување на Меморандумот за разбирање“.

Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, по објавата на Трамп дека договорот веќе е потпишан, изјави дека американскиот претседател би можел да одлучи да објави прелиминарен договор за прекин на војната со Иран пред петок.

Треба да се расчистат многу детали за договорот меѓу Иран и Америка, вели Венс

Венс го опиша меморандумот за разбирање меѓу САД и Иран како долг „околу страница и пол“ и многу општ документ, објави Би-Би-Си.

Високи американски претставници, исто така, почнаа да ги изнесуваат деталите од договорот, велејќи дека Ормускиот Теснец повторно ќе се отвори во петок – истиот ден кога договорот официјално ќе биде потпишан во Женева.

Ова доаѓа во време кога Трамп присуствува на самитот на Г7 во Франција, каде што денес ќе се одржи посебна сесија за Иран на која ќе присуствуваат лидерите на Египет, Катар и Обединетите Арапски Емирати.

Хамас го поздрави договорот меѓу Америка и Иран, изрази надеж дека ќе заврши војната во Газа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот