Фото: Profimedia

Ребалансот на буџетот треба да помине оваа недела на владина седница, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски очекува ребалансот на буџетот оваа недела да помине на владина седница, а потоа, како што рече, да се најде во Парламентот.

– Очекувам оваа недела ребалансот да помине на владина седница и да се најде во Парламентот – одговори кусо Мицкоски на новинарско прашање по најавата за нова инвестиција вредна 20 милиони евра.

Министерството за финансии минатата недела ги почна состаноците за ребалансот на буџетот. Како што соопшти тогаш министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, ребалансот ќе биде изготвен согласно среднорочната фискална рамка и стратешките приоритети на Владата – стабилни јавни финансии, фискална консолидација, инфраструктурен развој, енергетска транзиција и подобар животен стандард за граѓаните.

– Во време на сериозна глобална неизвесност, предизвикана од геополитичките случувања и војната на Блискиот Исток, сите економии – вклучително и македонската – се соочуваат со предизвици поврзани со енергетските текови, инфлацијата и забавувањето на глобалниот економски раст. Затоа остануваме посветени на одговорно и дисциплинирано управување со јавните финансии, со јасен фокус на зачувување на макроекономската стабилност, поддршка на економскиот раст и реализација на капитални инвестиции – напиша Димитриеска-Кочоска на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот