Спречен увоз на речиси 24 тони пилешко од Бразил: АХВ ја врати пратката поради ризик од птичји грип
Официјалните ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спречија увоз на 23.685 килограми замрзнато пилешко месо по потекло од Бразил.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Како што информира АХВ, поради непочитување на донесеното решение за забрана за увоз на живи животни, производи и нус производи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на високопатогена авијарна инфлуенса ( птичји грип) во земјава, пратката со змрзнатото пилешко месо е одбиена, бидејќи била произведена во јануари 2025 година, а согласно донесеното решение забранет е увозот на пратки кои се добиени од животни кои се заклани, натоварени и сертифицирани пред 1 август 2025 година.
Официјалните ветеринари на овој граничен премин поради истата причина, во декември 2025 година, во Бразил вратија пратка со над 26 тони замрзнат пилешки батак.
-Како одговорна институција за безбедноста на храната, апелираме до увозниците на храна во земјава да ги почитуваат законските, подзаконските акти и стандардите кои се однесуваат на безбедноста, бидејќи здравјето на граѓаните е приоритет, наведува АХВ.


