Фото: МИА

Мицкоски најави нова инвестиција во ТИРЗ Тетово, турска фирма ветува 500 нови работни места

Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за економија и труд Бесар Дурмиши на денешната прес-конференција во Владата соопштија дека турската компанија за производство на автоделови „Џаво Отомотив“ ќе гради фабрика во индустриската зона во Тетово, а инвестицијата треба да отвори околу 500 нови работни места.

– Станува збор за браунфилд-инвестиција, која ќе почне со закуп на постоен објект од 8.000 квадратни метри, а капацитетите ќе се прошируваат до 21.000 квадратни метри до 2028 година. До 2030 година компанијата планира да иневстира речиси 21 милион евра. Целокупното производство на контролни кабли од Турција и Словачка ќе се реализира во Тетово, што е потврда за довербата на инвеститорот во македонската економија, нашата работна сила и деловната клима – рече Мицкоски.

Тој вели дека овој инвестициски проект ќе значи зголемен извоз, трансфер на нови технологии и дополнителна додадена вредност за македонската економија.

-По иницијалните преговори, кои траеја повеќе од една година, денес се испраќа јасна порака – дека Македонија и натаму е атрактивна дестинација за странските инвеститори – рече министерот Дурмиши.

Годишниот извоз од новата фабрика се проценува на околу 45 милиони евра. Мултинационалната корпорација „Џаво отомотив“ работи во индустријата за автомобилска опрема, дизајнира и произведува безбедносни производи, како и разни механизми и оперативни кабли за многу водечки производители на автомобили. Освен во Турција, компанијата е присутна и во Канада, Германија и Словачка.

СДСМ го откажа традиционалниот марш за 8 Март, ќе се приклучи на протестот „Нема да не снема“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот