Марсело Биелса/фото: EPA-EFE/Facundo Arrizabalaga

ФОТО | Марсело Биелса стана хит со фотографијата за ФИФА: Не сум јас манекен

Познатиот аргентински стручњак Марсело Биелса, кој ја предводи репрезентацијата на Уругвај на актуелното Светско првенство, повторно се најде во фокусот на јавноста по ремито во првото коло против Саудиска Арабија (1-1).

По натпреварот, на прес-конференцијата посебно внимание предизвика неговата официјална фотографија објавена од ФИФА на нивната веб-страница. Имено, на фотографијата Биелса не гледа директно во камерата, туку со спуштен поглед и рацете во џебовите стои пред фотографите. Селекторот објасни дека не позирал на вообичаен начин.

„Немам објаснување што би можел да ви го понудам. Го направија тоа како што секогаш го прават. Јас не сум манекен. Застанав пред нив и тоа е фотографијата што ја направија“, изјави Бјелса.

Во јавноста се појавија и толкувања дека ваквиот потег можеби претставува уште една негова индиректна критика кон организацијата на Мундијалот во САД, како и кон сè поголемата комерцијализација на фудбалот. Биелса и претходно јавно ја критикуваше одлуката Светското првенство да се одржи во оваа земја.

Покрај Саудиска Арабија, Уругвај се натпреварува и со Шпанија и Зеленортските Острови во групната фаза. Следниот натпревар уругвајската селекција го игра токму против Зеленортските Острови, репрезентација која во првото коло приреди големо изненадување и не загуби од Шпанија.

ВИДЕО | Саудијците беа на чекор до подвиг, Уругвај извлече бод во Мајами

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот