фото: kfsm.mk

Ти Џеј Шортс е пред преселба во Шпанија

По неуспешната авантура во Панатинаикос, македонскиот репрезентативец ТиЏеј Шортс наскоро треба да стане нов кошаркар на Валенсија.

Според информациите на грчкиот портал „СДНА“, Шортс ги договорил сите услови со „лилјаците“ и ќе биде замена за Џано Монтеро, кој заминува во Олимпијакос. Поранешниот играч на Париз одамна одлучил дека му е потребна промена на средината за да ја врати слободата во играта и повторно да се врати во препознатливата форма.

Нискиот организатор на играта целосно ја воодушеви Европа во својата дебитантска сезона во елитното натпреварување. Со Париз стигна до плеј-офот во Евролигата, а сезоната ја заврши со просек од 18,7 поени, 2,7 скока и 7,5 асистенции по натпревар.

Тоа му донесе богат договор со „зелените“, но во Атина не успеа да ја добие довербата од тренерот Ергин Атаман. Не добиваше доволна минутажа и најчесто беше опција од клупата, што воопшто не му одговара на кошаркар со негови карактеристики. По лошото искуство за двете страни, Шортс не сака да остане во Атина, иако неодамна турскиот стратег доби отказ од клубот.

Четврти различен победник на четвртото издание на Red Bull Half Court во Скопје

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот