ФК Силекс

Скратен списокот и за можните противници на Силекс и Шкендија во квалификациите за Конференциската лига

Откако претходно УЕФА го скрати списокот на потенцијални противници на Вардар во квалификациите за Лигата на шампионите, европската куќа на фудбалот ги објави и можните ривали на македонските претставници во Конференциската лига.

Македонскиот фудбал во ова натпреварување ќе го претставуваат Шкендија и Силекс, кои денеска ќе го очекуваат исходот од ждрепката во Нион.

Тетовска Шкендија во првото квалификациско коло може да се сретне со Малишева, УНА Штрасен, Пенибонт, Рунавик или Номе Каљу, додека кратовски Силекс за противник ќе добие еден од следните клубови: Астана, Пјуник, Динамо Минск, Дила Гори или Ескалдес.

Ждрепката за новата европска сезона е закажана за денеска во седиштето на УЕФА во Нион и ќе започне во 18:00 часот, кога македонските претставници ќе ги дознаат своите први пречки на патот кон групната фаза од Конференциската лига.

ВИДЕО | Уругвајците во САД беа претресувани со кучиња како криминалци

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот