Фото: Alek Cheski

Четврти различен победник на четвртото издание на Red Bull Half Court во Скопје

На 13 и 14 јуни, на новиот терен во парк „Авионче“, се одржа четвртото издание на Red Bull Half Court во Македонија, каде 20 екипи се бореа за националната титула и место на светското финале на Филипини.

После трите одлични изданија на Red Bull Half Court на игралиште Влае, годинава во главниот град повторно се врати најголемиот 3х3 спектакл – овојпат на нова локација, на нов терен и со нов национален победник. Оваа година, освен баскетот, во центарот на вниманието беше и теренот исцртан со победничкиот дизајн на Лилија Ивановска, чија идеја беше претворена во реалност и за првпат оживеа токму за време на Red Bull Half Court. Дизајнот беше избран од жирито составено од Сатја Грабулоски и Тони Зен.

Фото: Alek Cheski

Натпреварот започна на 13 јуни со групната фаза, каде 20 тимови влегоа во “трката“ за националната титула и шанса да ја претставуваат Македонија на светското финале во Манила во декември.

Покрај крајно неизвесните натпревари, она што првиот ден дополнително ја вжешти атмосферата, беше настапот на хип хоп легендата Тони Зен, кој во своето маало ја изненади публиката и создаде вистинска еуфорија на новиот терен. Неговиот настап доби уште посилна симболика бидејќи на дизајнот на теренот се испишани стиховите од неговата песна “Моето маало”, поврзувајќи ги музиката, уметноста и уличната кошарка во една заедничка приказна.

Вториот ден од Red Bull Half Court го одбележаа уште бројни дуели и атрактивни потези во четвртфиналето, полуфиналето и финалето, а место во полуфиналето обезбедија екипите на Sinatra, Solution 3×3, Euroedil Holding и Аптека Фармакон. Во првото полуфинале играа екипите на Sinatra и Solution 3×3, а натпреварот заврши со резултат од 17:13, додека пак второто полуфинале се одвиваше помеѓу тимот Euroedil Holding и Аптека Фармакон, со краен резултат 19:6.

Фото: Alek Cheski

Борбата за место во големото финале донесе нова доза на неизвесност за публиката, а на крај екипите кои го обезбедија своето место во финалето беа Sinatra и Euroedil Holding.

Четвртото издание на Red Bull Half Court на публиката ѝ донесе уште еден спектакуларен момент, каде пред почетокот на големото финале, својот премиерен настап во Македонија го имаше четирикратниот светски шампион во забивање – Red Bull спортистот Grabo Dunks. Со серија неверојатни забивања и најразлични варијации од истите ги воодушеви гледачите, а во својот настап вклучи и повеќе од десет посетители кои имаа можност да станат дел од шоуто што дефинитивно долго ќе се памети.

Фото: Alek Cheski

Финалната пресметка започна веднаш по фантастичниот настап на Grabo Dunks, каде тимовите Euroedil Holding и Sinatra водеа тесна битка до самиот финиш, а на крај, титулата им припадна на тимот Sinatra, со тесен резултат од 21:19.
Следната станица за новите национални шампиони е светското Red Bull Half Court финале на Филипини, каде екипата Sinatra ќе ја претставува Македонија меѓу најдобрите 3×3 тимови од целиот свет.

13 и 14 јуни дефинитивно ќе останат запаметени како датуми што отворија уште едно ново поглавје во 3×3 заедницата во Македонија, а екипите веќе можат да се спремаат за следното издание на Red Bull Half Court!

 

Спонзорирана објава 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот