Иран и Нов Зеланд Фото: EPA/CHRIS TORRES

ВИДЕО | Иран и Нов Зеланд одиграа мундијалска драма со четири гола и без победник

Фудбалерите на Иран и Нов Зеланд одиграа еден од највозбудливите натпревари на Светското првенство (СП), а мечот заврши без победник (2-2).

Нов Зеланд одлично го отвори натпреварот и постигна гол во седмата минута преку Ели Џаст, а Иран по шокот веднаш се обиде да одговори и најблиску до израмнување беше Мехди Тареми во 23. минута.

Иран продолжи со притисокот, па во 32. минута преку Рамин Резаејан постигна гол за 1-1, а до крајот на првото полувреме не се промени резултатот.

По одморот на полувремето продолжи возбудливата игра, а Џаст со својот втор гол донесе нова предност за Нов Зеланд. Сепак, Мохамад Мохеби во 64. минута успеа да израмни на 2-2.

Претходно беше одигран уште еден натпревар меѓу Саудиска Арабија и Уругвај кој заврши 1-1.

ВИДЕО | Белгија и Египет ги поделија бодовите во Сиетл

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот