Фото: EPA/STEPHEN BRASHEAR

ВИДЕО | Белгија и Египет ги поделија бодовите во Сиетл

Во првиот натпревар од групата Г на Светското фудбалско првенство, чии домаќини се Канада, Мексико и САД, репрезентациите на Белгија и Египет одиграа нерешено 1-1 на стадионот „Лумен Филд“ во Сиетл.

Тоа беше меч кој не понуди многу, особено во првото полувреме. Египќаните поведоа во 18 минута со одличниот гол на Емам Ашур.

Африканската селекција имаше шанса да го зголеми водството во 33 минута, но Тибо Куртоа одлично го одбрани ударот на Мостафа Зико.

Белгија немаше прва сериозна шанса сè до 53 минута, кога Кевин Де Брујне ја погоди стативата со слободен удар.

Две минути подоцна, Египет се закани преку Емам Ашур, но резултатот не се промени. Уште една шанса за Египет дојде во 60 минута, но Омар Мармуш не беше прецизен.

Две минути подоцна, Јури Тилеманс се закани на другата страна, а во 66 минута, Белгија израмни откако Мохамед Хани ја погоди сопствената мрежа.

Белгија по постигнатиот гол се обидуваше да дојде до уште еден погодок, имаше неколку можности, но не успеа да направи пресврт.

Во второто коло, Белгијците ќе играат против Иран на 22 јуни, додека Египет ќе се соочи со селекцијата на Нов Зеланд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот