Фото: Велосипедска Федерација на Македонија

Далија Стојановска го освои среброто на Балканското ХСО првенство во велосипедизам

Како што известува Велосипедската федерација на Македонија, одличен резултат доаѓа од натпреварувањето одржано во Чапљина, Босна и Херцеговина.

Македонската репрезентативка Далија Стојановска во категоријата У17, освои сребрен медал на Балканското XCO првенство.

Нејзиното време беше 0:39:16, зад победничката од Грција Андријана Самара (0:37:04), а на третата позиција се најде Аделина Ана Маринеску од Романија (0:41:19).

Сите резултати можете да ги погледнете на следниот линк ТУКА

Федерацијата упатува честитки за нејзината борбеност и подготвеност да ја совлада патеката и сите нејзини предизвици, како и честитки за останатите членови на македонската репрезентација, Марко Блажески, Мартин Спасевски, Алексеј Атанасовски и Благој Митрески, кои достоинствено ги бранеа боите на Македонија и стекнаа меѓународно искуство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот