Фото: EPA/DAVIDE CASENTINI

Маурицио Сари од следната сезона на клупата на Аталанта

Италијанскиот стручњак Маурицио Сари е новиот тренер на Аталанта, објави денеска фудбалскиот клуб од Бергамо.

Сари доаѓа како наследник на Рафаеле Паладино, кој го напушти клубот пред една недела.

– Аталанта со задоволство објавува дека водството на првиот тим му е доверено на Сари, чија славна кариера вклучува водење на над 800 натпревари како главен тренер, како и низа трофеи, вклучувајќи ја Лигата на Европа и Скудетото – се вели во соопштението на Аталанта.

Сари (67) меѓусебно го раскина договорот со Лацио на крајот на мај, а пред тоа ги тренираше и Јувентус, Челси, Наполи, Емполи, Перуџа, Соренто, Алесандрија, Гросето, Верона, Авелино, Арецо и Пескара.

Аталанта заврши на седмото место во Серија А минатата сезона и ќе игра во квалификациите за Конференциската лига.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот