Премиер лигата ги слави „своите“ стрелци на Светското првенство
Голем број фудбалерите од Премиер лигата се истакнаа во своите први натпревари на Светското првенство. Ова особено важи за претходниот ден на Мундијалот, односно мечевите одиграни на 14 јуни според времето на организаторите на турнирот (Канада, САД, Мексико), односно во понеделник навечер и рано наутро во вторник според европско време.
Препорачано
Така, играчот на англискиот шампион Арсенал, германската репрезентација, Каи Хаверц, беше двоен стрелец во рекордната победа над дебитантот, селекцијата на Курасао (7:1).
Капитенот на Ливерпул и Холандија, Вирџил ван Дајк, го постигна водечкиот гол за својата селекција, додека Даичи Камада од Кристал палас ѝ помогна на Јапонија да израмни во овој дуел (2:2).
Младиот напаѓач на Манчестер јунајтед, Амад Дијало, беше херој за тимот на Брегот на Слоновата Коска откако влезе како замена и го постигна единствениот гол во 90 минута во победата од 1:0 над Еквадор.
Јасин Ајари од Брајтон постигна два гола, додека Александер Исак од Ливерпул и Виктор Ѓекереш од Арсенал постигнаа по еден гол во убедливата победа на Шведска од 5:1 над Тунис.
A whole host of Premier League goals on the World Cup stage ⚽️
🇩🇪 Kai Havertz scored a brace in Germany's 7-1 win over Curacao
🇨🇮 Amad hit a 90th-minute winner for Cote d'Ivoire against Ecuador
🇸🇪 Yasin Ayari struck a brace with Alexander Isak and Viktor Gyokeres also on target… pic.twitter.com/P9Qo7zemsz— Premier League (@premierleague) June 15, 2026


