Фото/ Jorge Gil / Zuma Press / Profimedia

Шпанскиот фудбалер Рафа Мир е осуден на осум и пол години затвор

Познатиот шпански фудбалер Рафа Мир е неправосилно осуден на осум и пол години затвор поради кривични дела – сексуален напад и нанесување повреди на млада жена, одлучи Судот во Валенсија. Пресудата е донесена по судењето одржано на 28 мај, а се однесува на настани што се случиле ноќта на 31 август 2024 година во домот на Мир во Бетера.

Според податоците на Високиот суд на правдата на заедницата во Валенсија, Мир, кој во моментот на процесот беше играч на Елче, е прогласен за виновен за сексуален напад и физичко насилство врз една жртва.

Во истиот процес е осуден и вториот обвинет, фудбалерот Пабло Хара, кој доби казна од две и пол години затвор, како и парична казна поради сексуален напад, повреда на моралниот интегритет и полесен облик на физички напад врз друга млада жена.

Судот одредил и парични обесштетувања, 64.000 евра за главната жртва и 6.280 евра за оштетената во случајот против Хара. Пресудата им е доставена на странките, но сè уште не е правосилна.

Државното обвинителство првично бараше казна од десет и пол години затвор за Мир, но судот на крај изрече поблага казна од осум и пол години. Рафа Мир е актуелен член на шпанскиот прволигаш Елче, а во кариерата настапувал за Вулверхемптон, Нотингем Форест и Севиља.

ВИДЕО | Доналд Трамп го прослави 80-от роденден со УФЦ-спектакл во Белата куќа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот