ВИДЕО | Почнаа големите гужви кон Грција, на „Евзони“ утрово се чекало и четири часа
Повеќечасовен застој, километарски колони и нервозни патници го одбележаа првиот понеделник од втората половина на јуни, кога традиционално заполнуваат гужвите на граничниот премин „Богородица-Евзони“ кон Грција. Според сведоштвата на патници, за влез во земјата утрово се чекало и до четири часа.
Препорачано
Фотографии и видеа објавени на социјалните мрежи покажуваат долги колони возила од двете страни на границата, додека сообраќајот низ меѓуграничниот простор се одвива многу бавно.
Освен зголемениот број туристи по завршувањето на учебната година, на задржувањата влијаат и дополнителните процедури за патниците кои доаѓаат од земји надвор од Европската Унија. Според објавите на возачите, контролите траат подолго од вообичаено, што во комбинација со високите температури дополнително го отежнува патувањето.
Гужви се регистрирани и на другите премини кон Грција. На ГП „Дојран“ колоните од вчера надминуваат еден километар, а патниците пријавуваат повеќечасовно чекање за излез од државата.
Но, на преминот „Меџитлија“ кај Битола засега нема поголеми застои и тој во моментов е најприфатлива опција за оние што планираат да патуваат кон Грција.
Надлежните препорачуваат патниците однапред да ја проверат состојбата на граничните премини, да тргнат со доволна временска резерва и да носат вода поради високите температури што се очекуваат во следните денови.
Изгор-цени на Халкидики — во Торони лежалките одат и до 50 евра


