Фото: МИА

ВИДЕО | Запалени се дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје

Две возила се запалени пред амбасада на Република Бугарија во центарот на Скопје. Неофицијално, возилата се намерно запалени, а полицијата трага по сторителот.

Од скопската Противпожарна бригада за „360 степени“ изјавија дека по брзата интервенција огнот е изгаснат.

„Опожарени се две патнички возила. Интевенираа тројца пожарникари со едно противпожарно возило“, изјавил Звонко Томевски, командант на скопската Противпожарна бригада.

Тој додаде дека се изгорени главно во делот на моторот и нема предизвикано штета на околните објекти.

Според првичните информации напаѓачот полил и запалил едно возило „сузуки витара“ по што огнот зафатил и друго возило паркирано во непосредна близина. Од фотографиите што „360 степени“ ги направи на терен може да се види дека станува збор за возила со дипломатски регистарски таблички.

На коловозот има траги од гаснењето на пожарот.

По палењето лицето избегало од местото на настанот. Полициски екипи го обезбедуваат просторот пред амбасадата додека други единици преземаат мерки за пронаоѓање на потпалувачот. Нема информации за повредени лица.

Инцидентот се случува во моменти на тензична атмосфера меѓу Македонија и Бугарија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот