ВИДЕО | Доналд Трамп го прослави 80-от роденден со УФЦ-спектакл во Белата куќа
Додека Америка одбележуваше 250 години од своето постоење, а Доналд Трамп го славеше својот 80. роденден, Белата куќа за една вечер се претвори во боречка арена. Со октагон, прелети на воени авиони и илјадници гости, беше одржан еден од најнеобичните настани на УФЦ во историјата.
Препорачано
По речиси една година подготовки, контроверзии и бројни најави, УФЦ за првпат беше одржан во дворот на Белата куќа. Со буџет од околу 60 милиони долари, организаторите понудија спектакл кој остави зад себе многу од најголемите спортски настани на планетата. Централна точка беше масивниот октагон, поставен на тревникот меѓу Белата куќа и споменикот на Џорџ Вашингтон. Огромната метална конструкција, позната како „Канџата“, беше осветлена во црвена, бела и сина боја, симболизирајќи го американскиот дух. Секој детаљ беше внимателно осмислен, од почесната гарда до скандирањата „САД“, сè за да се создаде атмосфера каква што ретко се гледа, дури и на најголемите спортски арени.
Uma teoria minha: o Topuria queria MUITO nocautear no primeiro round, saiu muito do seu normal de boxe limpo e só entrar na distância quando tiver na boa e foi pra loucura
Nessa ele se machucou e perdeu gás pic.twitter.com/FXBWX41QaP
— Caio Warriors (@caio_warriors) June 15, 2026
И покрај најавите за невреме и можните временски проблеми, вечерта помина без поголеми пречки. Илјадниците присутни со нетрпение го очекуваа почетокот на спектаклот, додека Трамп како домаќин и славеник постојано го привлекуваше вниманието на публиката.
Но, вистинската драма започна кога во октагонот влезе Џастин Гејчи. Американецот, кој во борбата влезе како аутсајдер, се соочи со големиот фаворит, Илиа Топуриа, на настанот „UFC Freedom 250“. Малкумина веруваа дека Гејчи има шанси, особено поради неговите години, но тој ги демантираше сите и напиша ново златно поглавје во историјата на ММА.
A video of Trump’s family at UFC 250 is going viral as people notice who that is behind them 👀 pic.twitter.com/ikqvYfynoe
— Matt Wallace (@MattWallace888) June 15, 2026
Борбата започна жестоко, уште во првата рунда Гејџи со силни удари му го раскрвави лицето на Топурија. Топурија возврати во втората рунда, со серија моќни удари во телото кои го доведоа Гејџи на работ на поразот. Но, наместо да капитулира, Американецот најде сила да се опорави и да ја преживее рундата, а потоа излезе уште поенергичен.
Во третата рунда Гејџи го собори Топурија и продолжи со жестоки удари, поради што лицето на шампионот стана непрепознатливо. Лекарите дури мораа да го прегледаат меѓу рундите за да утврдат дали може да продолжи. По долгите консултации, борбата продолжи во четвртата рунда. Гејџи повторно доминираше, нови аперкати, силни удари со колено, и уште повеќе крв на шампионот, кој едвај се држеше на нозе.
Клучниот момент дојде кога тимот на Топурија реши да ја прекине борбата пред почетокот на петтата рунда. Гејџи, видно емотивен по големата победа, изјави: „Еј, јас сум од Америка. Пред 250 години бевме уште поголеми аутсајдери, а погледнете нè денес.“ Со оваа победа, не само што ја освои титулата во лесна категорија, туку го обезбеди и статусот на легенда на ММА.
Гејџи откри дека психолошки се подготвувал за најтешкото: „Си кажав себеси дека ќе загубам, само за да можам да стигнам до најдлабокото место во себе и да извлечам сè што имам.“
Овој спектакл покрај Белата куќа покажа дека спортот и политиката во Америка умеат да создадат моменти кои ги надминуваат границите на обичното. „UFC Freedom 250“ не беше само борба за појас, туку и прослава на американскиот дух, упорност и способност да се изненади светот. За многумина, ова беше најамериканската ноќ што некогаш ја виделе, а воедно и најдобриот роденденски подарок за Доналд Трамп.


