Пожар, гори депонија кај Гази Баба / Фото: принтскрин / видео/ Фејсбук

ВИДЕО | Густ чад се издига над Гази Баба, најверојатно гори депонија

Густ црн чад се издига над скопската населба Гази Баба, а според реакции на граѓани на социјалните мрежи веројатно станува збор за пожар на депонија во близина на Инџиково.

На видео на Фејсбук, објавено од граѓанин, може да се види густ чад кој се издига во далечина.

„Депонија гори на автопатот од кај `Белви`, десно кон Арачиново кога се вози“ пишуваат граѓани на Фејсбук групата „Ѕид на Општина Гази Баба“.

Сè уште нема официјални информации од надлежните за пожарот.

Пожарот во Штип е изгаснат, очевидец тврди дека двајца пиромани го подметнале

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот