Фото: МИА / архива

Девојка од Македонија загина во несреќа на пат кај Поградец

26-годишна државјанка на Македонија загинала денеска во тешка сообраќајна несреќа што се случила околу пладне на патот меѓу Поградец и граничниот премин Ќафасан, јавија албанските медиуми.

Според првичните информации, автомобил управуван од жителка на Корча (Албанија) се судрил со возило со македонски (струшки) регистарски таблички, кое го управувала државјанка на Македонија од Ливада, Струга.

„Во несреќата смртно настрадала 26-годишната Е.Л., која била сопатничка во возилото со македонски таблички. Повредени се и двајцата возачи, како и уште двајца патници кои се наоѓале во двете возила“, соопшти локалната полиција.

Сите повредени се пренесени во болница, каде што им е укажана помош. Според информациите на албанските медиуми, нивната состојба е стабилна и тие се надвор од животна опасност.

На местото на несреќата е извршен увид, а полицијата и обвинителството истражуваат како дошло до трагичната несреќа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот