Фото: архива

„Мајстор“ од Велешко работел со циркулар на нива, му ги потпалил пчелите и овошките на комшијата

Жител на велешкото село Караслари работел со циркулар во нива и не внимавал, а искрите што ги предизвикал потпалиле туѓи сандаци со пчели и овоштарник, информира полицијата.

„На 13.06.2026 во 18:00 часот во СВР Велес, полициски службеници извршиле службен разговор со А.С.(37) од село Долно Караслари, велешко, затоа што на неговата нива во атар на село Караслари, каде работел со циркулар, предизвикал искрење, по што настанал пожар, кој опожарил овоштарник и сандаци со пчели, сопственост на В.С.(45) од Велес. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа од Територијална противпожарна единица Велес. Извршен бил увид од екипа од СВР Велес. Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот против А.С. ќе биде поднесена соодветна пријава“, се вели во полициското соопштение.

ВИДЕО | Тинејџери дивееле во паркче во Карпош 4, кршеле корпи за ѓубре и турнале канделабра

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот