ВИДЕО | И натаму гори во Штипско, пожарот го гаснат „Ер трактори“, помагаат и мештаните
Во гаснењето на пожарот помеѓу штипските села села Долани и Љуботен вечерва се вклучи и авион „ер трактор“, кој започна да фрла вода врз огнената стихија која опфаќа голема површина.
Препорачано
На терен пожарот го гаснат 18 пожарникари од ТПП Штип, 12 доброволци од Доброволното противпожарно друштво Штип, и месното население. Со помош на багери се прават и пресеци во близина на селото Долани за да не се префлри огнот кон куќите. Бидејќи пожарот е на непристапен терен се гасне со пожарникарски метли.
Зоран Младеновски од ДПД Штип вели дека во моментов се прават напори пожарот да не зафати стара борова шума.
Претходно Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираше дека во пожарот еден жител на блиските села, помагајќи во гаснењето на пожарот, се здобил со минимални изгореници. Екипата на Итната медицинска помош веднаш интервенирала и на лицето му била укажана соодветна медицинска помош. Според досегашните информации, нема други повредени во пожарот.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
21мин
-
39мин
-
40мин
-
59мин
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


