фото: EPA-EFE/DIVYAKANT SOLANKI

ФОТО | Ѓоковиќ го развеа црно-белото знаме на целта по победата на Хамилтон во Барселона

Луис Хамилтон испиша историја во Формула 1 и ја запиша својата прва, епска победа во болид на Ферари. Од неговата последна победа, тогаш за Мерцедес, поминаа вкупно 686 дена.

Новак Ѓоковиќ, најдобриот српски тенисер, беше присутен на трката во Формула 1 во Барселона и на целта мавташе со црно-бело знаме.

Фотографијата на Ѓоковиќ од овој настан веќе ја видоа милиони.

Луис Хамилтон на 41 година и понатаму победува помлади возачи, исто како што тоа го прави и Ѓоковиќ на тениските терени.

„Се надевам дека ова е само првата победа од многуте што ќе ги запишам за Ферари. Пресреќен сум, не можам да ви опишам како се чувствувам! Сè ова е неверојатно! Знаев дека мораме да ризикуваме за да го победиме Мерцедес. Благодарам на сите во Ферари, ви благодарам од срце“, изјави Хамилтон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот