СлемЏем Скопје Фото: Слободен печат/Драган Митрески

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | На 20 и 21 јуни ќе се одржи четвртото издание на 3х3-турнирот „Слем џем“

По успешните први три изданија, „Слем џем Скопје“ повторно ќе ги собере љубителите на баскетот на едно место. На 20 и 21 јуни, игралиштето „Патрик“ зад ТЦ „Три Бисери“ во населбата Аеродром ќе биде домаќин на четвртото издание на 3х3 турнир, кој од година во година привлекува сѐ поголем број на посетители.

Зад организацијата стојат Матеј Стојановски и Никола Поповиќ, кои пред неколку години ја започнаа приказната со цел да придонесат кон развојот на спортската култура и да понудат нови спортски содржини за младите во Скопје.

Организаторите најавуваат дека годинашното издание ќе биде најинтересно досега. Покрај главниот 3х3 турнир, посетителите ќе можат да уживаат и во натпреварите во шутирање тројки и забивање, кои традиционално носат дополнителна возбуда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот