Maроко против Бразил испиша необична историја на Мундијалите
Мароко остави одличен впечаток во дуелот против Бразил и со ремито 1-1 покажа дека со право се вбројува меѓу најнезгодните селекции на Светското првенство. Покрај добрата игра и освоениот бод против еден од фаворитите за титулата, мароканската репрезентација испиша и необичен рекорд на Мундијалите.
Препорачано
Имено, од 65. минута натаму Мароко стана првата репрезентација во историјата на Светските првенства која на теренот немаше ниту еден фудбалер роден во земјата што ја претставува.
Во почетниот состав се најде само еден играч роден во Мароко, а по неговото излегување од игра, сите преостанати фудбалери на теренот беа родени надвор од границите на северноафриканската држава. Овој необичен податок уште еднаш ја потврдува силната врска што Мароко ја има со својата дијаспора, од каде во последните години пристигнаа голем број репрезентативци кои настапуваат или се развиваат во европските фудбалски центри.
View this post on Instagram
ВИДЕО | Новинарка го налути легендарниот Ромарио: Кој не разбира фудбал размислува како тебе
ВИДЕО | Шок за Швајцарија во Санта Клара, Катар во самиот финиш до бод
Анчелоти: Не сум задоволен, очекував подобро да го почнеме Мундијалот


