Запленет кокаин / Фото: Архива/илустрација

Употребата на кокаин во Франција значително се зголемила во последните десет години

Франција доживува зголемување на употребата на кокаин, што сè повеќе го оптоварува националниот здравствен систем, а бројот на интервенции на службите за итни случаи поради потрошувачката на оваа дрога се зголеми за 26 проценти во 2025 година, според најновите официјални податоци, објавени денес од BFM TV.

Како што наведе Националниот институт за јавно здравје во извештај, минатата година се регистрирани повеќе од 6.500 повици до службите за итни случаи поради последиците од потрошувачката на кокаин.

Во исто време, се регистрирани 2.096 случаи на хоспитализација поврзани со употребата на оваа дрога.

Како што е наведено, ова значи дека се евидентираат просечно 125 посети на службите за итни случаи неделно.

Помеѓу 2012 и 2022 година, овој тренд постојано се зголемуваше, освен во период на стабилизација во 2019 година, а зголемувањето беше уште поизразено во 2023 година, покажуваат официјалните податоци.

Кокаинот, втората најраспространета нелегална супстанца во светот по канабисот, заедно со MDMA/екстази, е дрога чија употреба во Франција значително се зголеми во последните десет години, според француската телевизија.

Како што е наведено, кога станува збор за последиците што овој тренд ги има врз службите за итни случаи, постојат и изразени регионални разлики, при што процентот на вакви интервенции е многу висок во Бретања, Прованса, регионот Азурен Брег и Француска Гвајана.

Од вкупно 39.383 интервенции на службите за итни случаи поврзани со кокаин помеѓу 2012 и 2025 година, 73 проценти се регистрирани кај мажи, а нивната просечна возраст била 32 години.

Во 2025 година, обновеното зголемување ги погоди сите возрасни групи кај двата пола, освен оние над 60 години.

Покрај зависноста, употребата на кокаин може да има акутни медицински последици, првенствено кардиоваскуларни и психијатриски, потсети Францускиот институт за јавно здравје.

Криеле дрога во земја за цвеќиња – во Франција запленет повеќе од 1,1 тон кокаин

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот