ВИДЕО | Србин брутално нокаутиран во борба за светска кикбокс-титула во Ротердам
Српскиот кикбоксер Милош Цвјетиќанин не успеа да ја освои титулата светски првак во тешка категорија во организацијата „Глори“, откако беше нокаутиран во третата рунда од актуелниот шампион Мори Крома.
Препорачано
Во главната борба на вечерта на настанот „Collision 9“ во Ротердам, Цвјетиќанин загуби по брутален нокаут со колено, кое се покажа како одлучувачки момент во мечот.
Борбата за титулата првично требаше да се одржи пред неколку месеци, откако двајцата стигнаа до финалето на тешка категорија во рамки на турнирот на „Глори“, но Цвјетиќанин тогаш се повлече поради внатрешно крварење на црниот дроб, по што Крома беше прогласен за шампион без борба.
Овој пат, српскиот борец влезе повнимателно во мечот, а првата рунда мина во меѓусебно „мерење на силите“. Актуелниот шампион Крома беше нешто поактивен и упати неколку удари со нога и колено. Во втората рунда Цвјетиќанин неколкупати добро возврати и го затресе противникот, но борецот од Гвинеја остана на нозе. Сепак, судиите и оваа рунда едногласно ја доделија на шампионот.
Одлуката падна во третата рунда, кога Крома го искористи своето најсилно оружје и со колено го удри директно во брадата, а Цвјетиќанин падна на подот и не успеа да се опорави, со што мечот беше завршен.
MORY KROMAH HOLY SH**
He just did THAT to remain Heavyweight Champ! #COLLISION9 pic.twitter.com/Uyjsr2hXMA
— GLORY Kickboxing (@GLORY_WS) June 13, 2026
ВИДЕО | Никси го освоија Тексас и по половина век станаа шампиони во НБА


